ЗА НАС
Почетоците на фолклорот во Драслајца се забележани уште во далечната 1958 година кога за прв пат младите на Драслајца запливале во водите на богатиот македонски фолклор. На 06.04.1978 година официјално е регистрирано друштвото АКУД „Гоце Делчев“ кое во следните дваесетина години активно ќе работи во село Драслајца. Во 1992 година поради распаѓањето на старото училиште каде друштвото и работеше и немањето поволни услови за работа АКУД „Гоце Делчев“ се префрла да работи во градот Струга.
Во 2011 година друштвото се соочи со многу проблеми поради миграцијата, промена на името и староста на документите кои беа од времето на СФР Југославија и така на 06.04.2011 година се пререгистрира под сегашното име но овој пат во поширока форма заради поголем опфат во целокупниот развој на нашето место. Целосното име на друштвото е - Здружение за локален развој и културно уметничко друштво „ДРАСЛАЈЧАНКА“ која претставува самостојна, невладина, непартиска, непрофитна организација која своите цели и задачи ги остварува преку соработка со експерти и изработка на проекти, одржување семинари, одржување на стручни работилници и слични активности се со цел за унапредување на локалниот развој и активрање на младите преку културно уметничко друштво. Иницијативата за пререгистрација е превземена од страна на двајца млади ентузијасти Љупчо Милошески и Негован Милошески со голема поддршка од Месната заедница и Месното население на село Драслајца како и Црковниот одбор на село Драслајца.
За претседател е избран Љупчо Милошески. За членови во одборот се избрани – Кристина Крстеска, Негован Милошески, Трајан Далчески и Круме Костески.
КУД „Драслајчанка“ е под водство на двајца кореографи со долгогодишно искуство – Љупчо Милошески и Круме Костески.
КУД „Драслајчанка“ името го добива по местото од каде потекнуваат почетоците на друштвото - тоа е селото Драслајца, а Драслајчанка значи жителка која живее во Драслајца. Поради прекрасниот колорит на носијата, преубавите народни везови на Драслајчката девојка, преубавиот изглед на народната носија во целост се одлучивме на амблемот на друштвото да стои девојка – ДРАСЛАЈЧАНКА облечена во невестинска народна носија.
Македонскиот фолклор претставен преку играњето на нашите играорци ни еден не го оставиле рамнодушен, а за тоа говорат освоените награди како во нашата држава така и во странство. Во својата долгогодишна работа друштвото има земено учество на голем број на меѓународни фестивали во рамките на СФР Југославија, Италија, Холандија, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Турција, Египет и многу други.
КУД „Драслајчанка“ брои 120 членови. Поделено е на три групи: играорци почетници од 6 до 11 годишна возраст, аматери од 11 до 15 годишна возраст и од 2010 година КУД „Драслајчанка“ воведе и доза професионализам во својата работа и работи со играорци од 15 до 19 годишна возраст кои ќе земеме за право да ги наречеме професионалци за својата возраст и во својата област.
КУД „Драслајчанка“ секогаш е отворена за нови членови кои сакаат да го изчучуваат ова наше богатство – ФОЛКЛОРОТ!