ЗА ДРАСЛАЈЦА
Местоположба:
Селото Драслајца се наоѓа на 5 километри северно од градот Струга и Охридското Езеро. До селото, ако се тргне од Струга, се доаѓа по асфалтиран пат, а се патува по течението на реката Црн Дрим се до „Моројшкиот Мост“ каде се свртува в десно. Продолжуваќи по патот се преминува уште еден мост на реката Сатеска и веќе сте во Драслајца.
Селото Драслајца се наоѓа на 698 метри надморска височина, на 20°41'35" источна географска должина и 41°12'56" северна географска ширина.
Подрачјето на селото според последниот премер има околу 600 хектари обработливо земјиште во приватниот и опшествениот сектор.

Како Драслајца го добила името:
Постојат неколку извори и толкувања како Драслајца го добила името. Во турскиот дефтер од 1583 година е забележано како Драгославица. Под истото име, пред крајот на првата половина на 16 век, се споменува и во Поменикот на манастирот „Св. Јован“ во близина на селото Слепче, Демирхисарско. Полскиот еднолог и славист Влоѓимјеж Пјанка, кој на почетокот на шеесеттите години го посетил Драслајца, во книгата „Топономастиката на Охридско-Преспанскиот басен“ Објаснува дека името Драгославица со тек на време и со скратување на некои букви се трансформирало во Драслајца. Според него, тоа е добиено од личното име на некој си Драгослав, кој најверојатно би го претставувал и првиот жител на селото.
Етнологот Бранислав Русиќ го запишал како Драславица. Неговиот впечаток е дека Драслајчани и соседите селото го викале по името Драслаица или Драслајца. Русиќ истакнува дека селаните со кои тој разговарал не знаеле да му објаснат ништо сигурно околу потеклото и значењето на името на нивното село. Во таа форма тоа било запишано и при крајот на 19 век од Србинот Кушиќ како Драслаица, а од Бугаринот К'нчев со денешното име Драслајца.

Клима:
Климата на подрачјето на Драслајца е речиси идентична како и за градот Струга, таа е умерено-континентална. Во лето деновите се топли со температури до 34°С, но ноќите се значително посвежи. Зимите се релативно благи. Најстуден месец во годината е Јануари, кога температурата може да се спушти и под -15°С. Во поново време за Драслајца се карактеристични значителни промени на клима со појава на рани есенски слани и неочекувани мразеви во пролет.
Хидрографија:
Од Исток кон Запад низ Драслајца тече мала, но богата со вода река, која се влева во Црн Дрим. Драслајчката река како што обично сите ја нарекуваат правилно се вика „Бела Вода“ кажуваат старите Драслајчани чие име го добила според местото на нејзините два извори на горниот дел од селото. Во почетокот на 20-ти век се дознало дека Драслајца практично лежи на вода. Речиси секаде каде што селаните ќе забоделе цевка во земја, излегувала вода. Нема куќа пред која нема чешма извадена од 20-тина метри длабочина. Иако во 1980 година Драслајца се поврза со градскиот водовод на Струга, сите семејства пијат вода од сопствените чешми, бидеќи таа е многу по пивка, и според нив, поздрава.
Население:
Постојат неколку извори на статистичките податоци на Драслајца во подалечното минато, за бројот на куќите и жителите. Најголем број на жители селото имало за време на пописот од 1991 година – 888 жители, од кога Драслајца постојано се намалува. За време на последниот попис во 2002 година селото имало 178 домаќинства, 273 живеалишта и 778 жители. Сите се деклариларе како Македонци по националност и Православни Христијани по вероисповед.
Образование:
Образованието во селото е со подолга традиција. Меѓутоа кога е точно отворено првото училиште во Драслајца немаме податок.
Најпрво во селото се учело до четврто одделение во училишна зграда која што се наоѓала на местото на сегашниот „Споменик на револуцијата“.
Во 1948 година со доброволна работа на Драслајчани е изграден Задружниот дом во чии простории се изведувала наставата до четврто одделение, а во 1956 година се формирала осумгодишната школа.
Во осумдесетите години од минатиот век на самиот влез во Драслајца започнала изградбата на ОУ „Св. Климент Охридски“, а во 1986 година истото започнува со работа. ОУ „Св. Климент Охридски“ претставува нова и современа училишна зграда во која покрај младите драслајчани учат и деца од околните села: Мороишта, Ложани и Биџево. Во ова училиште своето образование го започнаа голем број на сега веќе дипломирани високостручни кадри од сите профили.

Култура и обичаи:
Културата во Драслајца долго време се идентификуваше со негувањето на фолклорните традиции и обичаите што се зачувани во изворна вредност до ден денес. Тоа богатство на древните времиња низ игри и песни, низ обреди и симболи сеуште значи и активен однос на дел од жителите кон вредностите на минатото. Би ги спомнале „Лазарките и Лазарските песни и игри“, „Ѓурѓовденските обичаи“, „Василица“, „Велигден“, „Богојавление - Водици“, куќните и селските слави и слично.
„Богојавление - Водици“ е денот кога сите Драслајчани кај и да се низ светот на тој ден се во Драслајца. На овој ден има кумови и цело село од најмладо до најстаро одат кај кумовите кој се по 6 куќи и секоја година редоследно кумството се предава од едни на други. По богатото гоштевање сите се упатуваат кон сред село каде со свирки и тапани се весели целото село. Кумовите нудат кофи полни со вино до зајдисонце.
Најголем успех во презентацијата на фолклорната традиција има постигнато АКУД „Гоце Делчев“ односно КУД „Драслајчанка“ за што по детално можете да прочитате во делот „ЗА НАС“ на оваа страница.

Спорт:
Драслајчани најмногу од сите спортови го сакаат фудбалот кој поорганизирано се игра од почетокот на 1944 година кога за прв пат и е донесена првата фудбалска топка во Драслајца. Фудбалскиот клуб „Драслајца“ најголемите дострели ги постигна кога играше во Регионалната фудбалска лига, а повеќе пати беше првак на Струшката општинска лига. По голем период на стагнирање во 2011, фудбалот повторно се враќа во Драслајца, и се надеваме дека повторно ќе ги постигнуваа оние големи резултати со кои нашите предходници, а и ние се гордееме.
Драслајца некогаш имало и женски кошаркарски клуб кој беше член на Македонската кошаркарска лига. По неколку годишно успешно натпреварување поради немање средства, таа е расформирана. Исто така постоело и ракометен клуб за кого играле познати ракометари од Струга и Струшко и кој неколку сезони се натпреварувале во Втората Македонска ракометна лига.

Снабдување, трговија и приватни иницијативи:
Снабдувањето на селото со животни намирници е на задоволително ниво. Во селото има три самопослуги, едно трговско претпријатија за градежни матријали, авто сервис, градежна фирма, бензинска пумпа, пилана, две брашнари и многу други сопствени бизниси.
Исто така има и една редовна линија-превоз на патници на релација: Драслајца-Струга-Драслајца на секој час.
Исто така има и една редовна линија-превоз на патници на релација: Драслајца-Струга-Драслајца на секој час.
Драслајчки Цркви:
Во селото постојат две цркви посветени на: „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Великомаченичка Недела“.
1. Успение на Пресвета Богородица
Оваа црква е најстариот објект во селото и највредна трага за неговиот живот. За тоа кога е изградена не постојат пишани документи. Пред да почне да се реновира и проширува, стручњаци од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата направија истражување и, според нив, таа е изградена и живописана во 19 век. Главниот реставратор на црквата смета дека таа, според техниката на ѕидање и живописување е постара. Тврди дека таа е градена во два дела, дека стариот живопис потекнува од 18 век, додека поновиот од 19 век. Света Богородица е селска слава на Драслајца и негов заштитник. Таа се прославува на 28 Август. На тој ден од памтивек на гости на Драслајчани им доаѓале роднини и пријатели, а во вечерните часови со жива музика на сред село се прославува до утринските часови.
2. Св. Великомаченичка Недела
Драслајчани имаат уште едно свето место, а тоа е „Света Недела“. Единствен белег дека тој верски празник е на селото била иконата, што селаните некогаш ја поставиле на едно старо дрво, веднаш до богатиот извор со вода, за кој се смета дека има лековити својства. По официјалното воспоставување на празникот во 1967 година на 20 Јули, кога се слави овој ден, на местото каде што се наоѓаше иконата, со црковни пари и со помош на драслајчани е соѕидано мало црквиче. Во 2002 година се започна со проширување на црквата и се изгради сала во која се венчаваат младите брачни двојки и се крштеваат новороденчињата. Местото кое беше обраснато со трње, сега е уредено и заградено со украсна ограда. Ова место сега претставува најубавото место што Драслајца некогаш го имало. Светата вода која сега се наоѓа во внатрешноста на црквата многу пати се покажала како лековита. Многу луѓе доаѓале да побараат помош за себе, за своите најблиски, да се измијат од светата вода. Многу луѓе дошле по сон, да донесат дар во знак на благодарност на Св. Недела. Често пати и припадници на друга вероисповест чукаат на вратите на црквата барајќи помош. Светата вода од оваа црква и за нив значи помош во тешките моменти.
Селото Драслајца е едно прекрасно мало место на кое живеат прекрасни луѓе, вреди да се посети и прошета низ него затоа што навистина има и што да се види. Ова е само еден мал опис за него, се друго би оставиле на вас доколу сте во можност да откриете. Ние секогаш ќе бидеме добри домаќини и ќе ни биде чест да ни бидете наши гости.